Унгарецот Фучович триумфираше во Винстон – Сејлем


Унгарскиот тенисер Мартон Фучович ја освои титулата на АТП турнир во Винстон-Сејлем (САД) со награден фонд од 798.335 долари, откако синоќа во финалето го совлада Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп со 6:3, 7:6(3) за еден час и 52 минути игра.

За Фучович ова е прв трофеј на турнирите на тврда подлога и трет на АТП ниво во кариерата.
Првите два турнири ги освои на земјена подлога во Женева во 2018 година и во Букурешт минатата година.
Од друга страна, 29-годишниот Ван де Зандшулп сè уште чека на својот прв триумф. За него ова беше трет пораз во финалните пресметки, по Минхен во 2022 и 2023 година.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close