Унгарија, Романија и Бугарија регистрираа најголем економски пад на квартално ниво

Унгарија, Романија и Бугарија регистрираа најголем економски пад на квартално ниво, невидено со децении, поради пандемијата на новиот коронавирус, покажуваат статистичките податоци од трите земји.

Бруто домашниот производ (БДП) во вториот квартал на 2020 година се намалил за 11,7 отсто во ЕУ-27 во однос на претходниот квартал според сезонски прилагодените податоци. За истиот период, БДП во Бугарија се намалил за 9,8 отсто, според Националниот статитстички институт на Бугарија.

Во вториот квартал на 2020 година, во однос на претходниот квартал, најмал пад е забележан во Финска – 3,2 отсто, Литванија – 5,1 отсто, Данска – 7,4 отсто и Летонија – 7,5 отсто.

Најголем економски пад според сезонски прилагодените податоци е регистриран во Шпанија – 18,5 отсто, Унгарија – 14,5 отсто, Португалија – 13,9 отсто и Франција – 13,8 отсто.

Споредено со истиот квартал од претходната година, сезонски прилагодените податоци покажуваат намалување на нивото на БДП во ЕУ-27 за 14,1 отсто.

Во второто тримесечје на 2020 година, во однос на истиот квартал од претходната година, најмал пад има во Литванија – 3,7 отсто, Финска – 5,2 отсто, Полска – 7,9 отсто и Бугарија – 8,2 отсто. Најголем економски пад според сезонски прилагодените податоци е забележан во Шпанија – 22,1 отсто, Франција – 19,0 отсто, Италија – 17,3 отсто и Португалија – 16,3 отсто.

БДП на Унгарија се намали за 14,5 отсто во вториот квартал во однос на првите три месеци од 2020 година. Ова е најголемото забавување од крајот на комунистичката ера пред повеќе од три децении.

Романија бележи пад од 12,3 отсто во вториот квартал и Бугарија има пад од 9,8 отсто, најголемо забавување по економската криза во 1997 година.

Во вториот квартал на 2020 година, бруто домашниот производ (БДП) на Бугарија се намали за 8,2 отсто во однос на истиотот квартал од претходната година и за 9,8 отсто во однос на првиот квартал од 2020 година.

Во Унгарија, коронавирус-кризата влијаеше на услугите, како и на индустријата, според националната канцеларија за статистика. На годишна основа, падот е 13,6 отсто, што е повеќе од прогнозата на економистите.

Унгарија предвидува намалување на 3,0 отсто во 2020 година, додека Романија очекува -3,8 отсто и Бугарија – 7,0 отсто.

Европската комисија предвидува дека економиите на трите земји ќе забават за 6-7 отсто.

Во Романија и Бугарија, извозот падна за 18,0 отсто и 23,4 отсто, соодветно, во вториот квартал.

Во меѓувреме, пандемијата не поштеди на некои скандинавски земји, но влијанието врз Финска беше помало, додека Данска регистрираше „историско“ одложување.

БДП на Финска се намали за 3,2 отсто од април до јуни во однос на претходните три месеци. Во исто време, Данска објави пад од 7,4 отсто на квартална основа, најголемото забавување на економијата на земјата од почетокот на 90-те години, кога почна да објавува квартална статистика.

Back to top button
Close