Унгарската државна телевизија привремено ја суспендира информативната програма и се извинува што долго време лажеле


Унгарската државна телевизија денеска соопшти дека нема да емитува информативна програма сè додека владата не ги реорганизира јавните медиуми како „независни и веродостојни“.

Главната програма на државната телевизија М1 објави порака на црниот екран: Јавните медиуми не смеат да лажат. Сепак, се извинуваме што тоа го правевме долги години“.

Во пораката се наведува и дека „јавните медиуми сега се реформираат за да можат да бидат независни и веродостојни во иднина. Вестите се привремено суспендирани. Ве молиме останете со нас!“

Локалните медиуми објавија дека неколку уредници на државната телевизија и радио добиле откази.

Овие потези се во согласност со предизборното ветување на премиерот Петер Маѓар за реорганизација на државните медиуми и запирање на „пропагандата“ на неговиот претходник Виктор Орбан.

Маѓар истакна дека главниот телевизиски канал М1 ќе продолжи да емитува програма со филмска програма, но без вести.

По суспендирањето на информативната програма Орбан ги критикуваше постапките на владата, оценувајќи ги како „уште еден пример за тиранијата на партијата Тиса“ и ги повикаа гледачите да го гледаат приватниот телевизиски канал Хир ТВ.

Back to top button
Close