Унгарската влада бара од ЕУ да стави тројца украински воени команданти на својата листа на санкции
Унгарската влада ја повика Европската Унија да стави тројца украински воени команданти одговорни за присилна мобилизација на својата листа на санкции, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во врска со унгарско-украинскиот регрут кој неодамна почина по наводно тепање.
Сијарто беше цитиран во соопштението на Министерството дека Советот на Европа потврдил дека на улиците на Украина се одвива „вистинска потера по луѓе“ и дека неговиот извештај за човекови права укажува дека оние кои ја избегнуваат мобилизацијата „понекогаш биле тепани и мачени“.
Повикувајќи се на видеата објавени во последните месеци, министерот рече дека е ужасно како украинските служби за регрутација се однесуваат кон луѓето „и подеднакво е ужасно како европските политички лидери затвораат очи пред оваа неподнослива ситуација“.
Тој додаде дека одговорните „мора да бидат пронајдени и казнети“.
-Инсистираме тројцата службеници во украинското Министерство за одбрана и воената команда кои се одговорни за присилната мобилизација да бидат повикани на одговорност, рече Сијарто.