Унгарската влада на ТИСА положи заклетва, Маѓар вети служба во интерес на нацијата наместо на премиерот

Владата на ТИСА ќе и служи на нацијата, а не на премиерот, а кабинетот е составен од министри кои веќе се докажале во своите области и се способни да носат одлуки од првиот ден, изјави денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар во говорот со кој го претстави својот кабинет пред Парламентот, пренесе МТИ.
Маѓар ги нарече постапките на претходната влада во однос на државата и јавните средства „срамни“ и ги повика пратениците од опозициската ФИДЕС и нивните колеги, „на кои им недостига храброст да ги заземат своите места“, да се запрашаат како можат секое утро да се погледнат во огледало и да живеат со својата совест.

– Вие изградивте луксузни палати за себе со парите на унгарскиот народ, додека милиони страдаа… Го посрамотивте значењето на претставничката демократија во Унгарија – додаде тој. Според него, лекувањето на овие рани ќе биде долг пат, но владата е подготвена да започне со работа.
Маѓар истакна дека целта на новата влада е да создаде функционална, хумана Унгарија и нејзините структури се поставени да и служат на таа цел. Тој најави дека министрите за здравство, правда, образование и финансии ќе имаат право на вето на владините одлуки, бидејќи, како што рече, нив ги очекуваат најсложените задачи во претстојниот мандат.
Министрите од новата влада на десниот центар на премиерот Петер Маѓар денеска положија заклетва во Парламентот, со што заврши формирањето на кабинетот откако пратениците ги одобрија номинираните кандидати.

На 9 мај Маѓар положи заклетва како премиер по убедливата победа на изборите на 12 април над долгогодишниот националистички лидер Виктор Орбан, обезбедувајќи на својата партија ТИСА конститутивно мнозинство






