Унгарски научник на пат да пронајде лек за слепило
Медицинскиот научник Ботонд Роска доби чек во вредност од 1 милион евра од германската Кербер Фондација за неговото откритие. Третманот врз база на гени кој го враќа видот влезе во клинички тест.
Унгарски научник е добитник на Кербер наградата за Европска наука за 2020 година во Хамбург, Германија и притоа заработи и чек во вредност од 1 милион евра.
Ботонд Роска, кој работи во швајцарскиот град Базел, откри терапија брз база на гени која ги репрограмира келиите во човековото око кои потоа можат да ја извршуваат работата на светлосните рецептори потребни за видот, соопшти Кербер Фондацијата. Надежта е дека со оваа процедура ќе се реактивира ретината кај слепите луѓе.
Научникот вели дека, во моментов, процесот создава ниво на вид кое е слично на гледање на телевизија во црно-бело. Врз основа на неговата работа веќе се вршат клинички тестови врз слепи доброволци.
„Истражувањето на Роска ја разбуди надежта дека новите методи за третман можат да им го вратат видот на слепите“, изјави градоначалникот на Хамбург Петер Ченчер на церемонијата во понеделникот.
Наградата на Кербер Фондацијата за првпат беше доделена во 1985 година. Таа им оддава признание на научници кои работат на футуристички технологии во доменот на физиката.
извор: ДВ