Унгарскиот премиер Орбан го поздрави усвојувањето на предлогот за миграциска реформа од страна на германскиот Парламент

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го поздрави предлогот за миграциска реформа усвоен од германскиот Парламент со големо мнозинство гласови од екстремната десница, јави ДПА.

„Добро утро, Германија. Добредојдовте во клубот!, напиша Орбан на „Икс“.

Унгарскиот лидер беше критикуван за неговиот цврст став кон миграцијата, откако подигна ограда долж границата со Србија и одби влез на барателите на азил.

Екстремно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ помогна да се протурка во Долниот дом на германскиот Парламент план од пет точки за построга миграциска политика.

Ова е првпат на екстремната десница да помогне да се донесе важна одлука во Бундестагот

Back to top button
Close