УНХЦР: Досега 10 милиони луѓе ја напуштиле Украина

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) Филипо Гранди објави дека досега 10 милиони луѓе ги напуштиле своите домови во Украина, како резултат на руската воена операција, што е повеќе од една четвртина од нејзиното население.

– Меѓу одговорностите на оние кои се во војна, насекаде низ светот, е и страдањето на цивилите кои се принудени да ги напуштат своите домови. Војната во Украина е толку разорна што 10 милиони луѓе побегнаа, се раселени во земјата или побегнаа во странство, напиша Гранди на Твитер, објави Би-Би-Си.

Руската воена операција во Украина почна на 24 февруари и оттогаш милиони луѓе побегнаа во соседните земји. Само Полска прими повеќе од два милиона украински бегалци.

 

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close