Резолуција на УНХРЦ против Северна Кореја поради кршење на човековите права

 Советот за човекови права на Обединетите нации денеска усвои резолуција во која 18-та година по ред се осудува Северна Кореја за кршење на човековите права.

За време на 43-та седница во Женева, Советот, кој се состои од 47 земји-членки, ја усвои резолуцијата со консензус, јави Jонхап.

Советот изрази  длабока загриженост за систематските, распространети и груби кршења на човековите права во Демократската народна Република Кореја, кои во многу случаи претставуваат злосторства против човештвото.

Северна Кореја ја отфрли резолуцијата, и посочи на кршењето на човековите права во западните земји поврзани со убиството на Џорџ Флојд, невооружен Афроамериканец, за време на полициското апсење минатиот месец.

Back to top button
Close