УНИБанка „Супер потрошувачки кредит“ и камата од 4,25% – фиксна за првите 2 години

Супер потрошувачкиот кредит од УНИБанка АД Скопје со атрактивна каматна стапка од само 4,25% фиксна за првите 2 години и 6,25 % фиксна за останатиот период вклучува и дополнителна сигурност за клиентите – Полиса за ризико осигурување од Кроација Осигурување.
Во Полисата е вклучено осигурително покритие од Ковид -19, заштита на семејството и сигурна иднина, овозможувајќи им на клиентите поголема удобност и сигурност при отплатата на кредитите.
Максималниот износ на кредитот е 1.200.000 денари, рокот на враќање е до 95 месеци, со можност да се подигне кредитот и без жиранти. Одобрувањето на кредитот се одвива многу брзо,  во рамките на 30 минути. 

Имајќи ја грижата за своите клиенти во фокусот на работењето, со оваа понуда УНИБанка овозможува и користење на дополнителни бенефити како што се кредитна картичка, дозволено пречекорување на сметка и бесплатно електронско и мобилно банкарство. 

комерцијална објава

Back to top button
Close