Уништен системот за наводнување на Спомен Костурницата и терените кај Железен мост
ЈКП Дервен објави дека е уништен системот за наводнување на Спомен Костурницата и дел од системот на спротските терени кај Железен мост. И двеата системи се ново поставени, но зз бргу време се уништени.
„Вандализам кај Спомен костурница – целосно е уништен системот за наводнување, искршена се една шахта и две електровентили, и украдени се 11 прскалки за наводнување. Украдени и искршени се и делови од системот за наводнување во паркот кај Железен мост“ – соопштија од ЈКП Дервен.