Универзитетската библиотека „Св. Климент охридски“ го празнува патрониот ден

На 7 декември (вторник) Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, со свечена програма ќе го одбележи својот патрон Свети Климент Охридски  и 77-годишнината од основањето.

На чествувањето ќе присуствува министерката за култура Ирена Стефоска и амбасадорот на Н.Р. Кина, Н.Е.г. Џанг Ѕуо. Пригодна беседа ќе одржи д-р Анета Серафимова, професор на Филозофскиот факултет, а ќе биде претставена и интерактивната изложба „Портрети“, подготвена од ликовната уметница Искра Димитрова. Во рамките на програмата ќе настапи машкиот ставропигијален хор при храмот „Св. Ѓорѓи“, а претседателот на Библиотекарското здружение на Македонија ќе ја додели наградата „Библиотека на годината”.

Програмата почнува во 10:00 часот пред споменикот на Свети Климент Охридски во дворот на НУБ „Св. Климент Охридски” и ќе биде реализирана во согласност со пропишаните протоколи против Коронаривусот.

 

 

Back to top button
Close