УНРВА: Повеќе од 20.000 луѓе се засолниле во 44 училишта во Појасот Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестински бегалци (УНРВА) објави дека до синоќа повеќе од 20.000 луѓе се засолниле во 44 училишта низ Појасот Газа.

„Бројот на раселените луѓе рапидно се зголемува“, рече Инас Хамдан, вршител на должноста службеник за јавно информирање во Газа.

Агенцијата соопшти дека три училишта претрпеле „колатерална“ штета во израелските воздушни напади.

Центрите за дистрибуција на храна на агенцијата, кои обезбедуваат храна за повеќе од 540.000 жители на Газа, од вчера се затворени

Back to top button
Close