Љупчо Николовски, шеф на републичкиот изборен штаб на СДСМ

Вицепремиерот Љупчо Николовски вечерва на седница на ЦО на СДСМ е избран за шеф на републичкиот изборен штаб на претстојните локални избори. Николовски изборот го објави на неговиот ФБ профил:

-Благодарам на членовите на Централниот одбор и на претседателот Зоран Заев  за довербата која што ми е дадена да бидам избран за Шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ.

-Тоа за мене е чест, голема одговорност но и мотив! Машината којашто победува е во погон! #СДСМ е фаворит на локалните избори изјави генералниот сeкретар на СДСМ Љупчо Николовски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close