Љупчо Палевски Палчо стапна на македонско тло. Во Шутка ќе биде во посебна ќелија и ке се движи во посебен ходник
Осомничениот за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, кој беше уапсен во Баликесир Турција, во обид да избега, од притворот е превезен со авион од Турција.
Неговата следна дестинција е директно во истражнито затвор Шутка за издржување на мерката притвор.
Палевски по 6 месеци екстрадиционата постапака на релација Македонија – Турција доби зелено осветло да биде превезен.
Тој слета со редовен лет на аеродромот во Скопје.
Првообвинетиот за киднапирање и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на велешанецот Панче Жежовски ќе биде сместен во посебна ќелија, ќе се движи по посебен ходник. Просторијата во која ќе биде сместен е вече подготвена а мерките за безбедност се на највисоко ниво.
Филип Андов директорот на Шутка во изјава за Слободен печат потврди дека вечерва Палeвски ќе биде донесен кај нив. Тој не сподели информации во колку часот ќе пристигне Палевски поради безбедоносни причини.
„Просторијата во која ќе биде сместен е веќе подготвена, има посебен ходник за движење. Има појачан видео надзор, со определен број на чувари, ќе има посебна бања. Веќе имало и протокол за храна и се знае колку чувари ќе го чуваат под посебни мерки“, вели Андов .