Уписи за студии на Лондон МЕТ, можност за британска диплома во Скопје

 Почнати се уписите за првата генерација македонски студенти на  престижниот лондонски универзитет London Metropolitan University (Лондон МЕТ) кои студирајќи во Скопје, на Skopje Metropolitan College, ќе имаат можност да стекнат  британска државна диплома.

Лондон МЕТ е реномирана високообразовна институција со седиште во Лондон. која нуди врвен образовен процес и им овозможува на студентите да учат под менторство на реномирани светски професори.

Студиските програми вклучуваат активности кои ја стимулираат интелектуалната љубопитност, имагинацијата и рационалното размислување, а главен акцент се става на стекнување практични вештини.

Дипломата стекната на Лондон MET е високовреднувана и препозната низ светот, а на овој универзитет дипломирале  голем  број студенти кои потоа станале дел од реномирани светски компании.

Повеќе информации за начинот и условите за студирање се објавени на веб-страницата www.skopjemetropolitan.edu.mk и на нивната фејсбук-страница, а може да се добијат и на телефонскиот број  02 3140 004.

Back to top button
Close