Управа за водење матични книги: Немаме добиено известување за поднесена кривична пријава за наши вработени

Поради сомнежи за местење тендер за дигитализација и набавка на компјутерска опрема во Управата за водење матични книги, Управата за финансиска полиција (УФП) поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување и за поттикнување

Откако финансиската полиција поднесе кривична за местење тендер за дигитализација во Управата за водење матични книги (УВМК), од Управата реагираат дека набавката за дигитализација на матичните книги се спроведува согласно стратешкиот план на Владата и стратешкиот план на Управата за водење на матичните книги по претходно усвоен буџет за тековната година за 2020-2024 година. Оттаму велат дека немааат добиено известување за поднесена кривична пријава за лицата вработени во Управата.

„Управата за водење на матичните книги секоја година доставува акциски план и известување до Владата за реализација на овој проект кој што е стратешки приоритет на Владата и Управата за водење на матични книги“, велат од УВМК.

Од Управата посочуваат дека во 2021 година е поднесена пријава за набавката на дигитализација на матичните книги до Финансиката полиција и Основното Јавно обвинителство за гонење на огранизиран криминал и корупција Скопје.

„Истите постапија по предметот согласно своите овластувања и од страна на Управата за водење на матичните книги е доставена целокупната документација за набавките. Управата за водење на матичните книги нема добиено известување за поднесена кривична пријава за лицата вработени во Управата. Откако истите ке бидат доставени до Управата согласно законските одредби и правилниците дополнително ќе се определат мерки за лицата“, информираа од УВМК.

Поради сомнежи за местење тендер за дигитализација и набавка на компјутерска опрема во Управата за водење матични книги, Управата за финансиска полиција (УФП) поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување и за поттикнување.

Осомничени се три лица, од кои двајца вработени во Управата за водење матични книги, а едниот сопственик на фирмата „Новатек ИНВ“ од Скопје која го добила тендерот. Осомничена како правно лице е и фирмата.

Според наводите од финансиската полиција, двајцата вработени во Управата, од кои едниот на раководна позиција, поттикнати од газдата на компанијата, изготвиле технички спецификации и услови во тендерот со цел тој да ја добие набавката.

Back to top button
Close