Управен одбор на ФФМ го прифати пласманот на табелите на првенствата прекината поради пандемијата

 На денешната седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесена е одлука да се прифати предлогот од Комисијата за натпреварување во однос на замрзнатата табела на МФЛ од натпреварувачката сезона 2019/2020 година по одиграно 23. коло од Прва МФЛ и 17. коло од Втора МФЛ со која првопласираните екипи од Втора МФЛ – Исток и Втора МФЛ – Запад се промовирани во Прва МФЛ од натпреварувачката сезона 2020/2021 и ФК Вардар како првопласиран тим во натпреварувачката сезона 2019/2020.

– Иако, како првопласираната екипа, ФК Вардар доби можност да учествува во квалификациите од УЕФА Лига на Шампиони, поради недобиената лиценца за УЕФА натпреварувања, ФК Вардар нема можност да го искористи правото кое му следува како првопласирана екипа за натпреварувачка 2019/2020, стои во соопштението на ФФМ.

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го прифати предлогот од Комисијата за натпреварување во однос на екипите кои обезбедуваат право за учество во УЕФА натпреварување во сезона 2020/2021. Со право за  учество во УЕФА натпреварување во сезона 2020/2021 се стекнаа Силекс – УЕФА Лига Шампиони, ФК Шкендија и Ренова Шкупи – Лига на Европа.

Усвоен е и календарот за натпреварувачката сезона 2020/2021. Согласно календарот за натпреварување, Прва МФЛ ќе започне на 9 август 2020 година, додека на 22 август ќе стартува новата сезона од Втора МФЛ.

Back to top button
Close