Управниот одбор на ЗЕЛС бара Владата да не ги враќа општините на слободниот пазар на електрична енергија

Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) на денешната 11. седница дискутирал за допис од „ЕВН груп“ (EVN group), испратен до општините, а е поврзан со Одлуката на Владата со која сите потрошувачи (општини и фирми) кои со промена на корисник се стекнале со статус на мали потрошувачи (кој го немале до 1 јануари 2021 година), да мораат најдоцна до 1 јануари 2023 година да почнат да се снабдуваат со електрична енергија на слободен пазар.

Фото: Архива
Исто така беше посочено дека општините и доколку би сакале да ја реализираат оваа мерка би се соочиле со обемни тендерски постапки и претходно спроведување на ребаланс на буџетoт е што и во идеални услови за реализација би биле потребни најмалку три до четири месеци“,се наведува во соопштението.

По обемната дискусија, како што се посочува,  Управниот одбор на ЗЕЛС донел заклучок сите општини кои добиле ваков допис од „ЕВН груп“ да поднесат приговор до оваа институција.

Од ЗЕЛС потсетуваат дека во името на сите општини, на 11 ноември 2022 година доставиле иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за преземање на мерки во услови на постоење на кризна состојба во снабдување со електрична енергија, што Владата на РСМ ја донесе на 30 октомври, 2022 година.

„Истовремено, ЗЕЛС достави и барање до Управниот суд, за донесување на времена мерка, со која ќе се бара одложување на извршувањето на Одлуката. Но досега не е стигнат никаков одговор од овие институции“,се посочува во соопштението од ЗЕЛС.

Оттаму појаснуваат дека станува збор за проблемот поврзан со јавното (улично) осветлување кое како обврска го имаат општините, а за што прибираат средства од комуналната такса за јавно осветлување.

Со последните измени на тарифникот за електрична енергија донесен од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги не постои тарифа за јавно осветлување. Во Законот за комунални такси, во членот 20 , за тарифен број 10 јасно е утврдено кој е износот што секое домаќинство или приватна компанија треба да го плаќа на име на јавно осветлување. Бидејќи нема тарифа, за тоа ЕВН во моментов наплаќа по непостоечка цена ,а општините се обврзани да плаќаат многукратно поголеми сметки бидејќи не постои тарифен број за улично осветлување.

„Ова прашање ЗЕЛС го покрена пред Министерството за финансии, но и после 4 месеци од првичната средба одговор од нив немаме. Во исчекување сме и понатаму на одговор и од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги“,се вели во соопштението.

Back to top button
Close