Ѓурѓај му ја врачи почесната награда „Илинден” на Васил Стерјовски

Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, во просторите на албанскиот Парламент се сретна со пратеникот и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, и лично му ја врачи почесната награда „Илинден”.

-Чест ми беше да се сретнам со Стерјовски, единствениот пратеник од МАЕИ во албанскиот закондавен дом и голем борец за правата на Македонците, со кого имавме срдечна средба. Му ја врачив наградата „Илинден“ што годинава,впо повод 11- годишнината од формирањето на друштвото му ја доделивме,визјави Ѓурѓај за МИА.

Додаде дека наградата на Стерјовски му е доделена за неговите активности во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет и правата на македонската заедница во Албанија.

– Наградава предизвикува вистинско задоволство и среќа за секој кој несебично се вложил во унапредување на правата и подорување на условите за живот на Македонците. Искрено се заблагодарувам за укажаната чест што е поттик повеќе да продолжам во мојата мисија,рекол меѓу другото Стерјовски.

Наградата „Илинден”, е воведена минатата година по повод јубилејот 10 години постоење на друштвото а се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Албанија.

Годинава наградата освен Стерјовски ја доби и проф. д-р Катерина Тодороска, научен советник во Институт за Национална Историја – Скопје.

По повод денот на формирањето, друштвото додели и пет багодарници на поединци и институции.

Македонското друштво „Илинден“ е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана, со цел заштита и афирмација на етничкиот, јазичен, културен, верски, историски идентитет на Македонците во Република Албанија.

Back to top button
Close