Уранија Пировска: Далибор Китановиќ не смее да биде вршител на каква било функција


Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска, денеска упати остри критики до директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, по неговата објава за Ратко Младиќ.

Во објава на Фејсбук, Пировска оцени дека Китановиќ треба да одговара согласно со членот 407-а од Кривичниот законик, кој се однесува на одобрување или оправдување геноцид, злосторства против човештвото или воени злосторства.

„Нема тука простор за негово одлучување. Човек со такви ставови не треба и не смее да биде вршител на каква било функција, а најмалку таа што во моментов ја врши“, напиша Пировска.

Таа смета дека Владата не треба да му остава простор на Китановиќ да ја повлече својата изјава или да поднесе оставка, туку дека треба да се постапува согласно со законот.

Претходно денеска, Владата соопшти дека ставот на Китановиќ е негов личен став и дека е неприфатлив за Владата, додавајќи дека од него ќе побара да го повлече, а доколку не се согласува со владините политики – да се повлече од функцијата.

Во меѓувреме, и СДСМ побара Јавното обвинителство да постапи по случајот, повикувајќи се на истиот член од Кривичниот законик. објави Скопје1.мк

Back to top button
Close