Уредничка на Телма повикана од обвинителство и МВР на распит за необјавена вест

Полициски службеници во два наврати на лична адреса ја барале уредничката на Телма, Весна Јовановска Дојчиновска, по наредба на обвинител, за да учествува во распит за информација која воопшто не е објавена на ТВ Телма и на дигиталните сервиси на телевизијата, пренесува Телма.

За случајот, ТВ Телма ги информираше и новинарските претставници од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

 

Back to top button
Close