Урсула фон дер Лајен по средбата со Мицкоски: Уставните промени се последниот чекор, топката за во ЕУ е кај вас

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со премиерот Христијан Мицкоски во Брисел, порача дека Европската унија целосно ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членство, но и дека последниот предуслов за отворање на преговорите е усвојувањето на уставните измени.

„Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот европски пат. Можете да сметате на нас. Следниот и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен – треба да ја направите договорената уставна промена. Топката е кај вас. ЕУ е подготвена“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Х по средбата.

Претседателката на Европската комисија истакна дека, додека се чека на политичкиот исчекор од Скопје, Унијата веќе ги приближува граѓаните на Македонија кон европскиот пазар и технологии.

„Во меѓувреме, го приближуваме вашиот народ кон нас. Тоа е суштината на Планот за раст! Отвораме AI Factory антена во Скопје, ја вклучуваме земјата во Европската зона за единствени плаќања, и исплаќаме **16 милиони евра благодарение на спроведените реформи“, напиша фон дер Лајен.

Back to top button
Close