Урсула Von Скопје
Со третата по ред посета за време на досегашниот мандат, Урсула Фон Дер Лиен, Претседателката на ЕК, ја започна Балкнската турнеја. И, кои се пораките кои ги упати?!
Прво, реафирмираше силна и недвосмислена подршка за ИЗВЕСНОСТА на нашето членство и за РЕАЛНО ОТПОЧНАТИТЕ ПРЕГОВОРИ, потврдувајќи повторно дека сме влезени во засилен динамизам на взаемните релации со ЕУ. Второ, нагласи дека совесно и одговорно си ги исполнуваме задачите, и замислете дури го употреби и зборот “восхит” со што ja пофали државата: “Прогресот кој го правите со детерминацијата да продолжите по европски пат е за восхит”. И се разбира, ја нагласи обврската што и виси на државата над глава како холограф, виси над нашите усијани глави, и по кој знае кој пат не замоли да ја сфатиме важноста на уставните измени – пред се заради нас самите!
Бидејќи скринингот е во крајна фаза и во моментов се изготвуваат патоказите; ТРЕТО што нагласи во име на ЕУ, а е врзано за успехот на земјава, е всушност европскиот предлог план за раст на Западен Балкан!
Каков е овој план?
Планот за раст е изразен и во пари, меѓу другото, кои се наменети за забрзување на нашата интеграција, другарчиња! Неповратна помош мили мои, која ќе ја засили нашата гравитациона сила спрема Брисел!
Vershtehen??
Скептиците, кои ги негираат процесите на интеграцијата и на оваа помош, само ќе ги упатам на сите дејства со кои од ЕУ се испратени јасни пораки дека интеграцијата СЕГА (!) е најважна и уште побитно НАЈМОЖНА, и дека тоа е ургентност на моментот.
Притоа, паралелно, нагласува Лејен, дека, ЕУ и самата препознава оти мора и одвнатре побрзо да се реформира за да може адекватно да ги апсорбира новите членки со цел да обезбеди стабилност на регионот и генерално во европскиот простор. Поточно, станува збор за интензивни и субстантивни процеси на паралелно проширување (enlargement) и продлабочување (deepening)! И не само тоа, иако луѓето овде вистина се уморни од европската “недовршена” приказна, да нема сомневање дека и во ЕУ јасно е оти овој умор е антиципиран. Следствено, добиваме потребна помош и поддршка (како овој план напр. и слични на него).
Оттука, не знам колку е паметно да запаѓаме сега, ама баш сега, во некава политичка депресија и модуси на дефетизам.
Луѓе мили, па УФЛ сама кажува дека не е се така црно, како што некој има тенденција да ни прикаже. Она што е реален прогрес мора да се адресира и да се награди, како што впрочем и со овој денешен ПЛАН ЗА РАСТ, е и замислено да се случи. Планот за парична помош со цел забрзана интеграција во единствениот пазар; подлабока регионална економска соработка; за забрзување на фундаменталните реформи и поголема претпристапна финансиска поддршка, не е играчка другарчиња.
Па ајде бидете искрени и не се самозалажувајте дека “сите се исти”: затоа што напротив, едни влечат напред накај развојот, а други тегнат назад накај и накај “Истокот” (простете за оваа стереотипизација). Но, евроскепсата само на вториве им е од корист, а не и на општата состојба и развој на државата.
Што мислите дека некој од “Истокот” може да биде великодушен донатор како ЕУ ? Тврдам, дека сте во заблуда!
Па од ЕУ другарчиња имавме поддршка и скоро, за време на енергетска криза кога ни дадоа 80 мил. неповратни средства. Од “Истокот” за време на кризата , ако се сеќавате, добивавме апокалиптични видеа како Европа ќе се смрзне заради стопирање на дотурот на гас. Се сеќавате ли ?
Да не зборувам за тоа дека според некои проценки, до сега на нас потрошиле околу 3 милијарди евра, а во план е да потрошат на нас уште околу 6.
Да не стигнале тие пари од бриксовците случајно?
Плус, малце е too late е за тоа “источниот заокрет” да го браните со лажна дебата за “легитимна еуроскепса”: зарем не ?! A особено не Вие кои во партиските програми сте се обврзале дека сте за евроинтеграции… Тотална лудост е допрва да се развива таква дебата ЗА или против ЕУ, оти, едноставно, Македонија, фактички и суштински Е ЕУ! Макзит ли ќе правите , допрва , после сите жртви што ги направивме и после сите пари што ги добивме, после сите тешки реформски процеси и конечно сега со најотворени можности EVER?!
Макзитизмот за нас не е опција, и би не исфрлил на буништето од актуелните воени виори. Зарем тоа го посакувате ?
Ма не мили мои, ајде без лажна скромност да си признаеме, баш онака како што ни призна УФЛ дека сепак интеграцијата ќе се случи и пред формалното членство, а тоа не е мала работа.
Урсула Von Скопје, Vielen Dank!
Ана Чупеска