Ушре еден авион на военото воздухопловско на Србија тргнал во помош на повредените во пожарот во Северна Македонија

За помалку од 24 часа, припадниците на 138. транспортна ескадрила на Военото воздухопловство на Војската на Србија тргнале на втора спасувачка мисија, јавуваат српските медиуми. Имено, пилотите од популарната Рода по вторпат полетале со авион од РВ и ПВО, Ербас C-295, кон земјава, за да им помогнат на повредените во пожарот во Кочани. Со нив во авион се наоѓаат и четири лекари и четири медицински техничари.

Освен авионите, во земјава претходно пристигнало и санитетско возило со медицинска екипа од Воената болница Ниш за пренос на пациенти кои ќе бидат хоспитализирани во таа болница.

Во земјава останале шест припадници на ВМА – два хирурзи, анестезиолог, анестетичар и два медицински техничари, соопшти Министерството за одбрана на Република Србија.

Back to top button
Close