Уште 1190 субвенции за чистење на оџаци во Скопје, аплицирањето завршува во понеделник

До понеделник до 15 часот жителите на Град Скопје ќе можат да аплицираат за субвенции од 1.200 денари за чистење на оџаците. Од градот информираат дека  граѓаните викендов можат да ги исчистат своите оџаци и да аплицираат за субвенциите.

-Со оваа мерка Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје. Изминатите години субвенцијата беше во износ најмногу до 1.000 денари, се наведува соопштението на Град Скопје.

За оваа мерка главниот град има предвидено два милиона денари или вкупно средства за доделување на околу 1660 субвенции на домаќинства или правни субјекти. Досега пристигнале само 470 барања.

Back to top button
Close