Уште една холандска министерка поднесе оставка поради пропусти во евакуацијата на бегалци од Авганистан  

Бијлевелд првично одби да отстапи од функцијата, но попушти под притисок од критиките, посочувајќи дека не сака да ја попречува работата на нејзините колеги. Оставка поради справувањето со авганистанската криза претходно си поднесе и шефицата на холандската дипломатија

Холандската министерка за одбрана, Анк Бијлевелд најави дека ќе поднесе оставка поради пропусти во справувањето со кризата во Авганистан, по сличниот потег на министерката за надворешни работи, Сигрид Кааг.

Мнозинството пратеници рекоа дека министерките се одговорни за бавниот одговор на владата и неуспехот да се подготват за безбедна евакуација на илјадници Авганистанци кои би можеле да бараат азил во Холандија

Бијлевелд првично одби да се отстапи од функцијата, но попушти под притисок од критиките, посоувајќи дека не сака да ја попречува работата на нејзините колеги.

„Сакав да ја завршам нашата мисија да ги доведеме на безбедно оние што се уште се во Авганистан и кои сметаат на нас. Но, мојата позиција стана предмет на дискусија и не сакам да ја попречувам важната работа на луѓето што работат за мене -рече таа.

Холандската министерка за надворешни работи, Сигрид Кааг, пак, пред два дена поднесе оставка по критиките од пратениците кои ја посочија за одговорна за хаотичната евакуација од Авганистан.

„Домот смета дека владата постапила неодговорно…Единствено што можам да прифатам се последиците од таа проценка како министер кој ја носи крајната одговорност -рече таа во говорот во парламентот.

Пратениците го прифатија предлогот во кој се истакнуваат критики до владата за неуспехот во евакуацијата на дел од Авганистанци и дека однапред не увидела дека Талибанците би можеле многу брзо да ја преземат власта.

„Според моето разбирање на демократијата и нашата традиција на владеење, министерот мора да си замине доколку е осудена неговата политика. Затоа до Неговото Височество (кралот Вилем-Александар) ќе поднесам оставка од позицијата министер за надворешни работи – рече Кааг.

Back to top button
Close