Уште една оставка во Италија – Буфон замина од репрезентацијата

Легендарниот голман на Италија Џанлуиџи Буфон потврди дека поднесе оставка на позицијата шеф на националниот тим, по заминувањето на претседателот Габриеле Гравина. Серијата откази доаѓа по непријатниот пораз и елиминацијата од БиХ во баражот, односно неучество на Светското првенство.
Италија загуби на пенали и третпат не успеа да избори пласман на Мундијалот.
Буфон веднаш по натпреварот во Зеница реши да поднесе оставка, но на молба на федерацијата почека со нејзиното објавување.
– Сметам дека е правилно оние кои доаѓаат да имаат можност да изберат личност за оваа функција. Да се претставува репрезентацијата за мене беше чест и страст од детството, изјави Буфон.
Буфон на позицијата шеф на делегацијата беше од летото 2023 година.
На иста линија се наоѓа е и селекторот Џенаро Гатузо, кој исто најави заминување од клупата.






