Уште една тужба за Алек Болдвин

Глумецот Алек Болдвин, кој ненамерно уби снимателка при снимање филм, играл „руски рулет“ ракувајќи со оружје без да ги следи безбедносните правила утврдени во филмската индустрија. Ова се наведува во тужбата поднесена против него во Лос Анџелес.

Мами Мичел, помошничка-режисерка на филмот „’Рѓа“ (Rust), на којшто беше убиена снимателката Халина Хачинс, е вториот член од тимот на филмот кој поднесе тужба против Болдвин и продуцентите. Мичел, која повикала брза помош веднаш по несреќата, изјавила дека страда од емоционален шок и други проблеми.

– Настаните што доведоа до истрелот на г-н Болдвин не се резултат на едноставно невнимание, изјави адвокатката на Мичел пред новинарите во Лос Анџелес. – Напротив, мислиме дека г-н Болдвин избрал да игра руски рулет ракувајќи со оружјето, без да го провери, рече таа.

Тужителите сметаат оти неговото однесување и она на продуцентите на „’Рѓа“ било опасно.  си/

2021-11-18 08:25:15, од Слободан Иванов

Back to top button
Close