Уште едно име влегува во градоначалничката трка за Скопје – професорот по моден дизајн, Александар Рашковиќ оди како независен, но ја доби подршката од ТМРО

Уште едно име влегува во градоначалничката трка за Скопје – професорот по моден дизајн, Александар Рашковиќ оди како независен, но ја доби подршката од ТМРО

ТМРО за градоначалник на Скопје ќе го поддржат независниот кандидат, професорот по моден дизајн на Европскиот универзитет Александар Рашковиќ.

Нашиот град заслужува нова енергија, визија и модерна перспектива, напиша Рашковиќ на својот фејсбук-профил.

„Верувам во едно Скопје кое ќе биде поуредено, зелено и модерно, град на култура, креативност и можности за сите. Ова не е само моја кандидатура – ова е повик заедно да го редизајнираме Скопје, да му ја вратиме душата и да изградиме иднина на која ќе бидеме горди. Ви ветувам транспарентност, искрена посветеност и работа за доброто на секој граѓанин“, вели Рашковиќ во објавата

Back to top button
Close