Уште пред 4 години бил казнет за возење без дозвола: Нови детали за минатото на Саитов!

По распишувањето на меѓународната потерница за 18-годишниот Саит Саитов, кој е осомничен за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, на површина излегоа детали од неговото полициско досие.

Тие откриваат дека младиот возач и претходно бил санкциониран за непочитување на сообраќајните правила.

Уште во 2022 година, СВР Скопје му изрекла санкција на Саитов за управување возило без возачка дозвола (согласно член 225 од Законот за безбедност на сообраќајот). Овој податок покажува дека тој уште како малолетник управувал моторни возила без потребните познавања и дозволи.

Истата година, полицијата презела мерки и против неговиот татко. На него му била поднесена прекршочна пријава бидејќи свесно му го отстапил возилото на својот син, иако знаел дека тој нема положен возачки испит (согласно член 317 од истиот закон).

Саит Саитов во моментов е недостапен за органите на прогонот (4news)

Back to top button
Close