Условите ја ограничија фрекфенцијата на патници на граничните премини кај Дебар

И покрај отварањето на границите од страна на нашава земја ,на двата гранички премини ,,Блато,, и ,,Џепиште – Требиште ,, на македонско – албанска граница кај Дебар денеска само еден патник ја минал границата .

Според надлежните станува збор за албански државијан кои во моментот на привремено затварање на границата со Албанија поради Коронависусот , бил во Дебар со дозвола за престој . Според истите извори, има интерес од страна на албански државјани да влезат во нашава земја ,но според нив, проблем е правањето на тестот кој искучиво се реализира во Тирана . Во телефонскиот разговор што го имавме со неколку трговци во градот Пешкопеја во Албанија кој е во близина на границата, а кои до пред почетокот на пандемијата речиси секој ден беа во Дебар каде што пазареа прехранбени артикли , засега тестирањето за Ковид 19 е навистина голем проблем за албанските државијани . Инаку тие велат дека голем е интересот за да дојдат во Дебар но мерките поставени од македонската влада за влез засега се проблем.

Истата состојба беше и на границчниот премин ,,Џепиште –Требиште ,, кој е во регионот на Голо Брдо. И овде, фрекфенцијата е ограничена поради мерките на владата кои се јасни .

До почетокот на појавата на вирусот Ковид 19 преку двата гранични премини во Дебар доаѓаа голем број на албански државијани од урбаните и руралните населени места во Албанија пред се поради купување на прехранбени артики како и посета на угостителските објекти .

КМ

Back to top button
Close