Условна каза затвор за битолчанецот кој објави интимни фотографии од девојката


Условна казна од една година затвор е пресудата за битолчнаецот кој објави интимни фотографии од својата поранешна девојка на платформата „Телеграм“.

Тој е осуден за сторено кривично дело загрозување на сигурноста, злоупотреба на лични податоци и неовластено снимање.
За овој предмет на Фејсбук објави адвокатката Катерина Котеска. Обвинетиот ќе биде казнет, а жената ќе добие отштета.

-Докажавме дека никој не смее да ја злоупотребува довербата на никој, дека една ваква злоупотреба на доверба не е причина за пуштање скриншотови во инбокс и пишување по ‘шестопарачни’ портали, туку е нешто што уништува животи, посочи Котеска.

„Телеграм“ групите за порнографија, каде се споделуваат лични податоци и фотографии од жени и девојчиња станаа актулени периодов. Годинава во март, четиригодишна казна затвор добија обвинетите Дарко Костовски, основач и администратор на „Јавна соба“ и Михаил Пановски, администратор и модератор на групата.

Back to top button
Close