Успешниот рецепт на Уругвај против коронавирус

Мала густина на населеност, силен здравствен систем и политички консензус се факторите поради кои Уругвај подобро се справува со пандемијата на коронавирус од другите земји, пишува „Дојче веле“.

Латинска Америка заедно со САД веќе со недели е епицентар на пандемијата. Но, секое правило има свој исклучок, а во овој случај тоа е Уругвај. Во споредба со многу други латиноамерикански држави, малата земја може да се пофали со одлични резултати.

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, од 13 март, Уругвај има само 1.516 инфекции и 42 смртни случаи.

Експертите рекле дека се работи за различни фактори и дека тие не се ограничени само на областа здравство.

„ На почетокот желбата за национално единство беше пресудна. Сите клучни актери се здружија за сеопфатно да се борат против пандемијата“ изјавил за „Дојче Веле“ Џовани Ескаланте, претседател на Панамериканската здравствена организација во Уругвај. Покрај тоа, Уругвај секогаш имал добар систем за активен епидемиолошки надѕор.

Гонѕало Мораторио, професор на Научниот факултет при Универзитетот на Републиката, рекол дека меѓу носителите на политички одлуки, науките и академскиот свет постои невиден консензус. Тоа им ја олеснило работата на експертите за борба против пандемии – аспект кој другите земји го занемариле.

Според студија објавена пред неколку дена, во првите три месеци од пандемијата во Уругвај немало повеќе од пет алки во синџирот на пренос на заразата. Во повеќето случаи, синџирот на пренос бил спречен по втората алка.

Back to top button
Close