Успешно реализиран прекуграничен проект помеѓу Србија и Македонија

Јавното претпријатие “Комунална хигиена” – Скопје ги презентираше досегашните резултати од проектот “Подобрување и заштита а здравјето на луѓето и животната средина преку намалување на ризикот од загадување преку ефикасно управување со отпад”.

Како што истакна директорката на ЈП “Комунална хигиена”, Косана Мазнева, проектот е поддржан од Европската унија, во рамки на прекуграничната соработка меѓу Република Македонија и Република Србија.

Директорката Мазнева објасни дека ЈП “Комунална хигиена“ како еден од ко-апликантите на проектот со вкупна вредност од 76.000 евра досега исчистиле 30 диви депонии на териториите на општините Бутел, Ѓорче Петров и Сарај, спровеле 14 обуки за подигање на свеста за соодветно сепарирање на отпадот и подигање на нивото на индивидуалната одговорност за животната средина, набавени се 209 надземни контејнери, реализирана е едукативна посета во Љубљана…

Во проектот покрај ЈП “Комунална хигиена“ – Скопје учествуваат и ЈКП Петровец и ЈКП Зелениково, додека од Република Србија ЈКП “Комрад Врање“.Проектот е започнат на 3 мај 2021 година, а се спроведува во времетраење од 18 месеци, односно до 3 ноември 2022 година.

 

 

Back to top button
Close