Успешно се враќаме таму од кај што со маки излеговме, вели Георгиевски за 33 години независност
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски по повод 8-ми септември Денот на независноста на својот Фејсбук профил упати честитка. Тој смета дека земјава сака да се врати во поранешна Југославија.
„Честит Денот на независна Македонија!За оние кои не сакаат да знаат. Отцепувањето беше од Југославија поточно од силната прегратка на Србија.
Но, гледам успешно се враќаме таму од кај што со маки излеговме“, напиша Георгиевски.