Успешно заврши Главната планирачка конференција за 19. НАТО вежба „Република Северна Македонија 2021“ 

– По успешното завршување на Главната планирачка конференција за 19-тата НАТО вежба „Република Северна Македонија 2021“, земјава на есен ќе биде домаќин на вежбата, а Центарот за управување со кризи (ЦУК) организатор во партнерство со Евроатланскиот координативен центар за одговор на катастрофи (ЕАДРЦЦ).

На Конференцијата при штабните и теренските активности активно учествуваа во работа за планирање на вежбата околу 140 претставници од 17 држави и од три меѓународни организации.

Вклученоста во претстојната НАТО вежба во нашата држава би требало да претставува привилегија за сите учесници, бидејќи претставува одлична можност за поддршка на националните власти и градење на нашите капацитети преку подобрување на готовноста за реагирање и менаџирање на кризи предизвикани од природни катастрофи и катастрофи предизивикани од човек, подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот, и со тоа ќе се зајакнат националните капацитети за одговор при итни ситуации. Тоа го потенцираше и в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и при своето официјално обраќање, нагласувајќи дека во овој контекст, Центарот за управување со кризи постојано работи за зголемување на ефикасноста систем за управување со кризи, истовремено обезбедувајќи функционално единство на националните институции, локалната самоуправа, невладиниот сектор и академската  заедница, а дека ваквите меѓународни вежби за спавување со кризи се и долгорочниот придонес кон регионалната и евроатлантската безбедност и стабилност.

Претставниците на главниот планирачки тим на НАТО и националниот тим, на крајот од Планирачката конференција во Охрид, како што нагласи директорот на вежбата од македонска страна, Урим Вејсели, според теренските и конференциски согледувања на сценариските вежбовни задачи ги декларира и силите и ресурсите што ќе ги ангажираат од своите земји за претстојната голема вежба за заеднички одговор при природни катастрофи.

На конференцијата и преку теренски и преку конференциски опсервации се планираа и глоблалните менаџирања на раководења, а и деталите за барање и спасување, поддршката и логистиката, цивилно – воената координација, искустено осознавање и работа преку виртуалната реалност, можностите за прекуграничен транспорт во спасувачки мисии, координацијана заеднички воздуѓни активности со воздухоплови без екипаж (квадкоптери – дронови) и други можности и ситуации важни при координирана акција при катастрофи. Во таа насока е и заедниката меѓутимска интернационална вежбовна употреба на НИКС – Напредна генерација на команден систем за управување со инциденти (NICS) што Центарот за управување го развива и е носител на оваа НАТО активност во Македонија и во Регионот.

Back to top button
Close