Успешно заврши снимањето на филмот КОМА

Удрена беше и последната клапа на долгометражниот филм КОМА кој изминатиов месец се снимаше на неколку локации во главниот град. Се работи за трогателна пријателска приказна полна со емоции, а креаторите на филмот велат дека никој нема да остане рамнодушен. Филмот е во режија на Агим Абдула чиј гостин беше големиот ирански режисер Шахрам Мокри.

Продуценти на филмот се Бунјамин Куртиши и Фидуш Ќамили, а Директор на фотографија е Душан Кардалевски. Главните улоги ги толкуваат Џевдет Јашари и косовскиот актер Насер Рафуна, а се појавуваат и големи актерски имиња од Албанскиот театар како Адем Карага, Рефет Абази и Теута Ајдини. КОМА е поддржан од Агенцијата за филм, а сетот го посети и директорот Бојан Лазаревски.

Back to top button
Close