УСС на УКИМ бара прекин на наставата и одложување на сите настани и работилници поради трагедијата во Кочани

Универзитетското студентско собрание при скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ вечерва информираше дека поднеле барање до Ректоратот за прекин на наставата. Оттаму информираат дека сите настани и работилници ќе бидат одложени поради трагичната несреќа во Кочани во која загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

– УСС на УКИМ по одржаниот вонреден состанок на 16.03.2025 на кој беа присутни делегати на Универзитетското студенстско собрание, претседатели и членови на факултетските студентски собранија, надворешни членови на Универзитетско студентско собрание, поднесе барање до ректоратот за прекин на наставата и за организирање на заедничка настава во вид на собири од 17.03-21.03. Сите настани и работилници ќе бидат одложени. Ве повикуваме на заедничка сплотеност почнувајќи од утре 17.03.2025 во 12 часот на платото на општествениот кампус, се вели во информацијата од УСС.

Back to top button
Close