Уставен поведе постапка и го суспендира спорниот ДУП во Општина Карпош кој предвидува изградба на бензиска пумпа
Покрај тоа, уставните судии донесоа одлука за суспензија, односно запирање со ивршувањето на сите поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на Одлуката на Советот на Општина Карпош, за чија уставност сега е поведена постапка.
Од Уставниот суд оценува дека во оваа фаза конкретниот ДУП не е во согласност со Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје, а која согласност е предвидена во содржината на Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Уставен истовремено, како што се додава во соопштението, го оценува овој ДУП и како спротивен на владеењето на правото.
„Дополнително, на денешната седница е одлучено да се запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука, или воведена е т.н. времена мерка, додека Уставниот суд не донесе конечна одлука“, информираат од Уставниот суд.
Со 16 гласа „за“ во март, минатата година советниците во Општина Карпош го усвоија ДУП-от за просторот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ кој остро беше критикуван од група активисти, потсетува Радио МОФ.
За конторверзниот ДУП, за кој Уставен денеска поведе постапка и ги суспендираше натамошните активности, гласаа советници и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ и од ГРОМ, додека на седницата не присуствуваа советниците од Левица и Независни за Карпош.