Уставен со судија помалку, изборот на Елизабета Дуковска, известител за Законот за јазици бил незаконски
Се комплицира работата на Уставниот суд по пресудата на Управен дека изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска од 2023 година е незаконски.
Судскиот совет тогаш го ускратил правото на еднаква можност на останатите кандидати да се претстават и за нив да се гласа, откако констатирал дека Дуковска го добила потребното мнозинство и ја прекинал постапката.
Собранието потоа со 64 гласа „ЗА“ ја избра Дуковска за уставна судијка. Тогаш претседателка на Судски совет била Весна Дамова, а претседател на Собранието Талат Џафери.
Африм Гаши, претседател на Собранието го извести Судскиот совет за новонастанатата состојба. Сега треба да почне нова постапка за избор на уставен судија. Гаши по оваа одлука очекува предлог за нов член на Уставниот суд.
Дуковска инаку беше судијка известител во предметот за Законот за употреба на јазиците.
Нејзиното заминување од Уставниот суд отвора можност за одложување на одлуката за Законот за употребата на јазиците. Уставниот суд веќе донесе заклучок дека за овој предмет мора да одлучува во полн состав на судии.
Што ќе се случи и со другите предмети на кои Дуковска работела, пример измените во Кривичниот законик, со кои всушност се спасија корумпирани функционери. За потсетување Дуковска тогаш беќе со став дека за оценување на уставноста и законитоста на овие измени, Уставниот суд не е надлежен да одлучува.
Инаку, тужител за изборот на Дуковска беше судијката Антоанета Димовска, која тогаш беше една од трите кандидатки за уставен судија, a сега е актуелен член на Судскиот совет