Уставен суд: Линеарното зголемување на пензии не е укинато

Линеарното зголемување на пензиите не е укинато, а дури и да се укине, пензионерите нема да добијат помали пензии, туку ќе добијат покачување согласно законското усогласување. Во македонската јавност владее разногласие за оваа тема, откако премиерот Христијан Мицкоски и неговата партија излегоа со тврдење дека линеарното зголемување е укинато, и дека пензионерите ќе добиваат помала пензија од следниот месец.

Еве накусо што е точно е што не:

– Дали Уставниот суд го укина линеарното зголемување на пензиите? Не. Во тек е постапка за оценување на одлуката.

 

– Дали 70% пензионерите од следниот месец ќе добијат помали пензии? Не. Пензионерите тогаш ќе добијат покачување согласно законското усогласување.

 

– Дали судијката Добрила Кацарска ја потпишала одлуката? Не. Уставниот суд соопшти дека одлука не е донесена.

 

Што кажа Мицкоски за одлуката?

Премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница изјави дека според последната информација, судијката на Уставниот суд Добрила Кацарска ја потпишала одлуката за укинување на линеарното зголемување на пензиите.

„Пензионерите веќе нема да добиваат линеарно зголемување на пензиите, туку согласно процентите утврдени по законот. Тоа значи дека 70% од пензионерите ќе добиваат помала пензија од следниот месец“, рече Мицкоски.

 

Премиерот Христијан Мицкоски во Собрание 32.10.2024Премиерот Христијан Мицкоски во Собрание 32.10.2024

Пензионерите веќе нема да добиваат линеарно зголемување на пензиите, рече МицкоскиФотографија: Petr Stojanovski/DW

Ставот на Уставниот суд: нема одлука за укинување

Уставниот суд ја демантираше оваа информација: „Не е точно дека е укинато линеарното покачување на пензиите. Во тек е постапка за оценување на уставноста на член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување“, велат од Судот.

Сè уште нема донесена одлука по предметот.

 

Зошто е спорно линеарното зголемување?

Судот проценува дека моделот на линеарно усогласување може да ги наруши уставните принципи на: социјална праведност, еднаквост и правна сигурност. Дилемата е дали сите пензионери добиваат еднаков третман или дел од нив се казнети за повисок стаж и уплати.

Ако се укине линеарното покачување, пензионерите ќе добијат зголемување според законското усогласување. Пресметките покажуваат дека најниските пензии би добиле околу 1.300 денари, а повисоките – уште повеќе.

Аргументите на Владата и пензионерските здруженија

Според Владата, линеарното зголемување ја намалува сиромаштијата кај пензионерите.

Судот смета дека линеарниот модел создава нееднаквост – сите добиваат исто зголемување, што пропорционално е многу помалку за оние со повисоки пензии во Македонија.

Што се однесува до пензионерските здруженија: дел го поддржуваат моделот, а други предупредуваат дека се нарушува принципот „колку си работел – толку добиваш“.

 

Што следува понатаму?

Законот за ново линеарно зголемување беше изгласан во Собранието со 79 гласа „за“ на 24 јули. Тој предвидува:

 

+1.000 денари во септември

+1.000 денари во март 2026

Претходно, пензионерите добија два линеарни додатоци од по 2.500 денари.

Судот смета дека пензијата е индивидуално стекнато право заштитено со Уставот. Различен третман е дозволен само ако има објективно оправдување.

 

Уставниот суд не може да ја преиспитува одлуката за исплатените 5.000 денари за пензионерите, коишто лани легнаа на нивните сметки. Но, се преиспитува одлуката за исплаќање на 1.000 денари во септември и март. Доколку се укине одлуката за линеарно покачување на пензиите, тоа нема да значи помали пензии. Пензионерите тогаш ќе добијат покачување согласно законското усогласување – кое што за секој од нив ќе се пресметува поединечно. (Dw)

 

Back to top button
Close