Уставен суд: Нема повеќе апанажа за функционерите кои поднеле оставка или биле разрешени

Функционерите кои поднеле оставка или биле разрешени нема да можат да земат апанажа. Уставниот суд денеска го укина членот 22 од Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани лица.

На 7 декември, Уставниот суд одлучи да поведе постапка и изрази сомнеж во уставноста на членот 22 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица, откако пред него беа оспорени членовите 19, 20, 21, 22, 23, 24 и 25 од овој закон.

Во членот за кој е поведена постапка е предвидено дека пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен, ги има правата на остварување на плата по престанувањето на функцијата.

Лицата додека го остваруваат правото на плата, имаат право и на надоместок за користење на годишен одмор, според став 2 од членот 22 од Законот.

Судот одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на членовите 19, 20, 21, 23, 24 и 25 од Законот означен во точката 1 од ова решение и одлучи да ја отфрли иницијативата по однос на барањето за оцена на меѓусебната согласност на одредбите означени во точките 1 и 2 од ова решение со членовите 105, 106 и 113 од Законот за работни односи.

За функцијата прв вицепремиер, иницијативата ја поднесе политичката партија „Левица“, а во неа се наведува дека законот за Влада дозволува премиерот да именува свои заменици од редовите на министри, но дека не се дозволува рангирање на вицепремиерите од типот „прв“, „втор“, „трет“ и слично.

Back to top button
Close