Уставен времено ѝ забрани на Општина Центар да издава одобренија за градба на атрактивните парцели на Водно
Уставниот суд денеска одржа седница на чиј дневен ред се најдоа осум иницијативи за оценување на уставноста и законитоста. Судот одлучи да го укине членот 44 став 2 од Законот за социјална заштита во делот „најдоцна до 65 годишна возраст
“.
Како што појасни на денешната прес-конференција портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска, станува збор за одредба која опфаќа користење на надоместок заради попреченост.
Уставниoт суд на денешната седница одлучил да донесе времена мерка со која се запираат сите активности на Општина Центар кои се однесуваат на издавање на одобрение за градење врз основа на ДУП Градска четврт Ј07 донесен од советот на Општина Центар во 2014 година. Оваа времена мерка, како што појасни Беловска, ќе важи сè до донесување на конечна одлука на Судот, бидејќи Уставниот суд одлучи да поведе постапка за одлуката со која е донесен ДУП-от односно изрази сомнеж во уставноста и законитоста на постапката, односно донесувањето на одлука со 11 гласа „за“.