Уставниот суд го поништи Законот за данок на солидарност – државата ќе треба да врати околу 50 милиони евра на 156 компании

Уставниот суд денеска со мнозинство гласови донесе одлука за поништување на Законот за данок на солидарност. Тоа значи дека државата ќе треба да врати 49,2 милиони евра на 156 компании.

Постапката за оценување на уставноста на оспорениот занон, Уставниот суд ја поведе на 20 ноември минатата година со спојување на повеќе предмети, а на денешната седница е донесена конечната одлука.

 

Седница на Уставен суд / Фото: Принтскрин

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски веднаш по одржаната седница на прес-конференција рече дека компаниите сега ќе можат во рок од пет години, доколку сметаат дека со овој закон им биле повредени правата, да бараат да им бидат вратени парите.

„Вакво ретроактивно дејство на закон е апсолутно недозволиво. Субјектите во правото мораат да знаат што ги чека. Не може во сред игра да им ги менуваш правилата. Тоа е правна предвидливост. Во тоа се состои суштината на владеењето на правото. Кога владее правото, ти знаеш што те очекува, дека оваа година на толку остварен приход, толку данок ќе платиш. Се друго води кон правна несигурност“,рече тој

Во услови на борба за привлекување на странски инвестиици, според Костадиновски се испраќа порака до економските субјекти, дека државата може по потреба, кога ќе и текне да воведе данок.

„Овој пат е за солидарност, утре ќе биде за нешто друго. Таа тежина на повредената, особено ретроактивното дејство беше клучно одлуката да биде поништувачка“,кажа претседателот на Уставен.

 

Back to top button
Close