Уставниот суд реши да не одлучува за „недела неработен ден“
Уставниот суд денеска реши да не одлучува за инцијативата против недела неработен ден која ја поднесе Стопанската комора. Од Уставниот суд констатирале дека немаат кворум и дека на иницијативата ќе се навратат тогаш кога Собранието ќе го комплетира Уставниот суд со доволен број на судии.
Од Стопанската комора сметаат дека работниците може да добијат слободен ден во било кој ден од неделата, а оние кои работат во недела соодветно се платени со неделни дневници. Комората смета дека е спротивно на Уставот тоа што само на одредени бизниси им е овозможено да организираат работен процес во недела, додека другите воопшто не можат да го направат тоа со што се ставени во нерамноправна положба.
Во пресрет на седницата на Уставен реакција стигна од сојузот на сидникати. Од таму бараат Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Стопанската комора бидејќи задира во веќе утврдено право на непрекинат неделен одмор што се состои од најмалку 24 часа за период од седум дена на илјадници работници во државата.
Од Стопанската комора му порачуваат на Уставниот суд своите седници да ги држи само во недела и тогаш повторно да ги прашаат работодавците кои стојат зад иницијативата правото на неделен одмор да не биде регулирано со закон, дали се против и дали остануваат на ставот истакнат во иницијативатa.