Уставните судии утре конечно на дневен ред на Комисијата за именување

Утврдувањето предлог за избор на нови уставни судии утре е прва точка на дневен ред на Комисија за прашања на изборите и именувањата. По повеќе одлагања и по повеќе од една година блокирање, конечно ќе почне постапката за избор на нови уставни судии.

Уставниот суд во моментов функционира со само пет судии, а треба да има вкупно девет.

Предлози за нови уставни судии се Љубомир Јовевски, Саво Климовски, Татјана Васиќ, Фатмир Скендер, Родна Живковска, Бранко Секуловски, Тодор Витларов,  Весна Јовановска и Војислав Димовски.

Биографиите на предложените судии им беа доставени на пратениците уште на 18-ти мај и останува нејасно зошто беше потребно да помине толку време за и официјално точката да се најде на дневен ред и да се свика Комисијата.

Инаку, претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска вчера имаше состаноци со целиот државен врв: од претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски до претседателот на Собранието, Талат Џафери, па свикувањето на Комисијата доаѓа веднаш по овие средби.

Back to top button
Close