Усвоен оперативен план на НАТО за евентуален втор бран на пандемијата

Министрите за одбрана на државите од НАТО усвоија оперативен план на Алијансата, во случај на втор бран пандемија со Ковид-19 како и насоки  што вклучуваат создавање залихи на медицинска опрема и наменски средства што би можеле да се искористат за итна набавка на потребна опрема, соопшти хрватското Министерство за одбрана.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, поднесе извештај за короната, во кој се потенцира сето она што НАТО го направи како одговор на пандемијата, како и улогата што ја имаат сојузничките сили во поддршката на цивилните институции.

Одобрени беа и насоки за национална отпорност што покриваат подрачја како енергетика, транспорт и телекомуникации, а се рефлектираат на закани од кибер пространство. Тој документ им овозможува на членките подобра подготвеност во случаи на нови кризи, но и побрзо опоравување кога се случуваат кризи.

Back to top button
Close