Усвоена Информацијата за јавен оглас за давање во закуп над три хектари државно земјоделско земјиште

Владата ја усвои Информацијата за давање согласност за распишување јавен оглас за давање во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над три хектари по пат на електронско јавно наддавање, прв за оваа намена во 2021 година.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешната седница е усвоена Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2021 година со буџет од 25.000.000 денари.

Со Програмата е предвидено да се реализираат активности за поддршка на плански региони за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност.

Back to top button
Close