Усвоена Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година вредна 1,3 милијарди денари

ЕРЗС, преку мерката за поддршка на активен женски член во земјоделско домаќинство, со која е обезбедена грант-поддршка до 6.000 евра како неповратна финансиска поддршка за инвестиции кои ќе придонесат за развој на руралните средини.

Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој обезбедува поддршка за обуки и информирање на земјоделските производители, зајакнување на нивната соработка и поттикнување за економско здружување на земјоделските стопанства преку развој и поддршка на земјоделските задруги.

– Обезбедена е финансиска поддршка за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики, како и поддршка за подобрување на квалитетот за живот во руралните средини, обнова и развој на македонските села, велат од МЗШВ.

Програмата за рурален развој обезбедува и поддршка за меѓународна промоција на македонските земјоделски производи преку учество на саеми и промотивни настани со цел отворање на нови пазари за пласман на домашните земјоделски производи.

– Како успешна мерка и оваа година продолжува поддршката за авионско засејување на облаците. Мерка која има за цел превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани врз земјоделските посеви, посочуваат од МЗШВ.

Оттаму нагласуваат дека се обезбедени средства за непречено извршување на активностите на Националната рурална мрежа, која е нова платформа, алатка по европски терк за информирање која на едно место им нуди на земјоделците информации за сите мерки и активности кои им се ставени на располагање.

– Како Министерство креираме конкретни мерки за поддршка, развој и модернизација на македонското земјоделство, велат од МЗШВ.

Back to top button
Close